ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во Комерцијална Банка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на позиција Соработник во Експозитура Радовиш на неопределено работно време.

    Потребни квалификации и способности:

    ·         Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,

    ·         Работно искуство најмалку 2 години,

    ·         Познавање на англискиот јазик и работа со компјутери,

    ·         Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

    Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство од областа на банкарско работење.

    Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Експозитурата, од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

    Почетна основна нето-плата: 27.300,00 денари.

    Огласот трае заклучно со 25.10.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адресаСектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопјеили на e-mail адреса [email protected] со назнакаOглас за вработување во Експозитура Радовиш.

    Лице за контакт: Меглена Димитрова тел.: 3-168-412

    Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

    На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

    Линк до огласот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично