ПОВЕЌЕ

    Одредени експозитури на Шпаркасе Банка ќе работат со продолжено работно време

    Време зa читање: < 1 минутa

    Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека согласно зголемениот обем на работа поради реиздадени картички, донесе одлука во периодот од 05.05.2023 до 13.05.2023 година, одредени експозитури да работат со продолжено работно време исклучиво за подигнување на картички.

    Eкспозитурите во Скопје: Аеродром 1, Аеродром 2, Центар и Чаир, како и во градовите: Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево, Кочани, Куманово и Прилеп ќе работат со продолжено работно време за подигнување на картички секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот и сабота од 09:00 до 13:00 часот.

    Eкспозитурите во Скопје- Капиштец, Штип и Струга во истиот период од 05.05.2023 до 13.05.2023 ќе работат со продолжено работно време за подигнување на картички од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично