ПОВЕЌЕ

    Новите инвестиции на „Макстил“ со планиран буџет од над 7,6 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во текот на годинава „Макстил“ ќе започне со реализација на инвестициски активности со вредност повисока од 7,6 милиони евра. Одлуката е донесена неодамна од Одборот на директорите, а ценовно чувствителната информација е споделена преку Македонска берза.

    „На седницата на Одборот на директори на Макстил АД Скопје одржана на 7.03.2024 година одлучено е да се одобри план за набавка на основни средства и нови инвестициски проекти, чија реализација ќе започне во 2024 година, со планиран вкупен буџет од 7.642.806 евра. Финалната вредност на набавените основни средства и инвестициските проекти ќе бидат презентирани во ревидираните финансиски извештаи на друштвото што ќе бидат реализирани во следните известувачки периоди“, се вели во информацијата од „Макстил“.

    Исто така, се наведува дека новите инвестиции во основни средства и инвестициските проекти надминуваат 10 проценти од капиталот на друштвото, определено врз основа на последните ревидирани годишни извештаи. Со нив треба да се постигнат повеќе зацртани цели: „унапредување на производствените процеси во компанијата, обезбедување на безбедна работна средина и заштита на здравјето на вработените, подобрување на условите за работа и подобрување на квалитетот на производите“.

    Пред стартот на секој од планираните проекти, ќе претходи дополнително одобрување од Одборот на директори.

    И лани компанијата имаше инвестициски активности. Речиси 3,8 милиони евра се вложени за одржување на кондициската спремност на инсталираната опрема и производните линии, и за подобрување на безбедноста при работа.

    Тоа е реализирано во година во која добивката на „Макстил“ трикратно опадна – на 5,76 милиони евра од 17,47 милиони евра во 2022. Удел во тоа имаше солидарниот данок, а оваа компанија, меѓу сите други обврзници, го плати највисокиот износ од 4,16 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично