ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА ЗАПОЧНУВА СО ИСПЛАТА НА АПРИЛСКИТЕ ПЕНЗИИ: Таа ќе биде етапна и во групи за оние кои не користат платежна картичка

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка информира дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 25-ти април (вторник).

    Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 25-ти април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа: 

     

    • 25 – ти април  (вторник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
    • 26 – ти април (среда) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
    • 27 – ми април (четврток) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • 28 – ми април (петок) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично