ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка во 2022: Кредитите и депозитите – патоказ за успехот

    Време зa читање: 3 минути

    Граѓаните и домашните бизниси добиле кредитна поддршка од 1,1 милијарда евра, депозитите изнесуваат 1,4 милијарди евра, а остварена е добивка од 39,5 милиони евра

    Уште една успешна банкарска приказна. Овој пат испишана од НЛБ банка АД Скопје. Во која се вели – работењето во текот на минатата година го следеше патоказот на успехот. Ефектите неминовно уследија: раст на кредитирањето, раст на депозитите и конечно, поголема нето добивка.

    За една година профитот за 9,7 насто го надминал претходното ниво и за 2022 изнесува 39,5 милиони евра. Добивка, набилдана од интересот и потребата на фирмите и граѓаните за кредити, чиј асортиман е збогатен со програмата “Зелена енергија” за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност, како и со „Зелени“ кредитни продукти за купување недвижности со енергетска лиценца, за подобрување на енергетската ефикасност на постоечките објекти и инвестирање во еколошки транспорт и мобилност, со цел намалување на загадувањето на животната средина.

    Или, кредитната поддршка дадена на граѓаните и на домашните бизниси е зголемена за 8,3 проценти (споредено со 2021), со што се доаѓа до вкупен износ од 1,1 милијарда евра. Притоа, кредитирањето на домаќинствата е со пораст од 9,4 отсто, а на претпријатијата – 5,3 насто.

    Депозитите се еден од елементите кои говорат за довербата што ја има една банка во опкружувањето каде што делува. Во случајот на НЛБ, тие бележат зголемување од 4,5 насто, со што вкупните депозити евидентирани на последниот ден од минатата година изнесуваат 1,4 милијарди евра.

    Приходите од камати за една година нараснале за седум проценти, а нето износот е 52,2 милиони евра. Нето приходите од провизии и надоместоци, пак, се 20,4 милиони евра, а зголемувањето во овој сегмент е за 4,8 проценти. Оттука, приходите од работењете во тотал изнесуваат 84,9 милиони евра и се повисоки за 1,2 насто во однос на претходната година. Наспроти тоа, вкупните оперативни трошоци изнесуваат 37,1 милион евра, а тука зголемувањето е за 8,9 проценти.

    Годината оптоварена со тешкотии, предизвици и неизвесности, НЛБ ја заокружи со билансна сума од 1,8 милијарди евра. Зголемувањето е 81 милион евра, или за 4,6 насто споредено со последниот ден од 2021.

    Добриот глас брзо се шири, па за својата професионалност НЛБ лани доби бројните награди и признанија. Меѓу кои, од финансискиот магазин „The Banker“ повторно беше прогласена за „Банка на годината“. По единаесетти пат.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично