ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка: Почна исплатата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка денес почна со исплатата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.

    За да се избегне притисокот во експозитурите, односно со цел намалување на гужвите, од Банката ги информираат клиентите дека на банкоматите во секое време можат да ги подигнат средствата од паричната помош.

    А, пак, исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определениот азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците.

    Исплатата на благајна е организирана во две групи по азбучен ред, а ќе се одвива во текот на два работни дена.

    Денес, 5 септември, исплата се врши за клиентите чии презимиња почнуваат на: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ.

    Утре (среда 6 септември) е групата лица со презимиња на М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш​.

    Од НЛБ Банка ги потсетуваат клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично