ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА НАЈАВИ ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ: Таа ќе биде етапна и во групи за оние кои не користат платежна картичка

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите почнувајќи од 27-ми декември (вторник).

    Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 27-ми декември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

    • 27- ми декември (вторник) , пензии со висина до 11.000 денари
    • 28 – ми декември (среда),     пензии со висина 11.001-14.000 денари
    • 29 – ти декември (четврток), пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • 30 – ти декември (петок)      , пензии со висина над 18.001 денари.

    Со цел заштита на здравјетo, клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, апелираат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично