ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка ги повикува клиентите на претпазливост – има обиди за злоупотреба на податоци

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ банка апелира до клиентите да бидат претпазливи, бидејќи се детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки од страна на лица кои се претставуваат во име на таа банкарска институција. Поради заштита и безбедност, препорачуваат да се внимава при користење на услугите, особено при споделувањето на личните податоци, дури и ако лицето се идентификува како претставник на Банката.

    Оттаму упатуваат на податоците кои никогаш не се бараат, доколку контактот се остварува со вработен во НЛБ банка:

    – активациски кодови за електронско и мобилно банкарство

    – лозинки за потврдување на плаќања

    – копија од документи за лична идентификација (лична карта, пасош)

    Исто така, посочуваат, доколку некој клиент се посомнева дека постои злоупотреба на податоците, веднаш треба да реагира на 02/15 600 или на [email protected].

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично