ПОВЕЌЕ

    НИКОЛОСКИ: ПО 50 ГОДИНИ РЕАЛНО СЕ РАБОТИ, релацијата Скопје – Охрид ќе се минува за час и половина

    Време зa читање: 2 минути

    По 50 години се започнуваат реални работи на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и до Кичево од Коридорот 8, затоа настанот е историски. Тоа целосно ќе го промени функционирањето на економијата, ќе внесе промени во туризмот, а ќе го забрза и економскиот раст, нагласи владиниот вице-премиер и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со премиерот и со директорот на ЈПДП, извршија надзор врз активностите на автопатската делница Гостивар – Букојчани.

    „Се работи за почетокот на автопатската делница од Гостивар до Букојчани и Кичево, нешто за што се зборува повеќе од 50 години. Практично, тоа е решавање на најтешкиот дел од она што треба да биде автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид, Коридорот 8, познатата Стража. Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат, што ќе значи дека помеѓу главниот град и Охрид и Струга ќе се патува некаде еден и пол час“, потенцира Николоски, најавувајќи „уште многу добри вести во деновите што доаѓаат“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично