ПОВЕЌЕ

    НЕМА ВЕЌЕ „ЉУБОВ Е КОГА ЈА СПОДЕЛУВАШ СВОЈАТА ЛОЗИНКА“, Нетфликс наплатува по 8 долари месечно за дополнителен корисник

    Време зa читање: 3 минути

    Деновите кога Нетфликс се прослави со твитот „Љубовта е споделување лозинка“ конечно завршија бидејќи компанијата воведе нови мерки за да ги спречат своите корисници да споделуваат лозинки за користење на услугите на Нетфликс понудата за членовите на нивните семејства и пријателите со кои не живеат во исто домаќинство.

    Долго најавуваа, а сега го направија тоа. Нетфликс во вторникот откри детали за тоа како неговото спречување на споделувањето лозинки ќе влијае на гледачите во САД и колку ќе ги чини корисниците да задржат дополнителни луѓе на нивната сметка. Американските претплатници на Netflix кои ја споделуваат услугата надвор од нивното домаќинство ќе добијат е-пошта со известување за новата политика за споделување лозинка.

    Нетфликс се повлече од својот популарен слоган  на почетокот на 2022 година кога забележаа стагнација на раст на претплатниците, иако досега не го избришаа фамозниот твит.

    За американските корисници со 15,49 $/месечен Netflix Standard план, тоа значи дека ако сакаат да додадат дополнителен член надвор од домаќинството, ќе мора да издвојат дополнителни 7,99 $/месечно. Исто така, секој што плаќа за пакетот Netflix Premium со 4K стриминг има можност да додаде до два дополнителни членови, но секој сепак ќе чини дополнителни 7,99 долари.

    Споменатата „добра“ вест, покрај во САД, стигнува и до Велика Британија, каде Нетфликс на корисниците ќе им наплатува 4,99 фунти месечно за дополнителен корисник на сметка надвор од домаќинството.

    Исто така, претплатниците на Netflix со најевтините опции за претплата за претплата, Основни или Стандардни со реклами, кои чинат 9,99 и 6,99 долари месечно, соодветно, веќе немаат опција да додаваат дополнителни членови на нивната сметка.

    Експериментите на Нетфликс со плаќање за споделување лозинки траат подолго време, а во февруари беа проширени за да ги вклучат Канада, Нов Зеланд, Португалија и Шпанија.

    Страницата за поддршка која ги објаснува новите поставки ги опишува дополнителните членови како некој што ќе има своја лозинка и профил, а лицето кое ги поканило да се приклучат на нејзината сметка плаќа за нивниот пристап. Сепак, дополнителните сметки на членови имаат свои ограничувања. Овие сметки мора да се активираат во истата земја, може да гледаат или преземаат содржини само на еден уред во исто време и не можат да создаваат дополнителни профили или да се најавуваат како детски профил.

    Новото домаќинство на Netflix се одредува врз основа на тоа каде корисникот го гледа Netflix на телевизорот и каква IP адреса користи тој уред. Оваа локација може да се ресетира со помош на апликацијата на телевизорот или уредот поврзан на ТВ со избирање Потврди или Ажурирај го домаќинството на корисникот и одговарање на врската за потврда испратена до наведената адреса на е-пошта или телефонски број на корисникот на сметката.

    Нетфликс со овие непопуларни потези настојува да ги зголеми намалените профити на компанијата. Во меѓувреме, како надомест за тоа, Нетфликс вложи големи суми пари за да им понуди на корисниците игри како дополнителна придобивка, но и со принудување на некои корисници да платат за да отворат свои сметки на Нетфликс.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично