ПОВЕЌЕ

    Народна банка: Во четврток ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите

    Време зa читање: 2 минути

    Во четврток (21 септември) ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка. Закажан е за 14 часот, а ќе се одвива преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“.

    На сесијата ќе биде презентиран трудот „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“ – од авторката Александра Данева.

    По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

    Народната банка објавува повик до сите истражувачи заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 20 септември – среда. На сите пријавени учесници ќе им бидат испратени информации за најава на е-платформата на која ќе се одржи сесијата.

    Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

    На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

    Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично