ПОВЕЌЕ

     Народна банка: Новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од курсната листа

    Време зa читање: 2 минути

    Народната банка изработи и воведе нова веб-услуга за автоматизирано преземање на податоците од Курсната листа, којашто веќе може да се користи напоредно со старата. Оттука, Народната банка ги информира приватните субјекти дека старата веб-услуга којашто што е достапна на веб-страницата ќе се користи до крајот на мај 2024 година и дотогаш сите корисници треба да почнат да ја употребуваат новата веб-услуга. Деловните банки веќе се префрлија на новата апликација и  автоматизирано ја читаат Курсната листа секој ден. Оваа апликација на Народната банка за Курсната листа и за курсевите за државните органи е изработена со нови современи алатки и е достапнана следнава врска: https://www.nbrm.mk/web-servis-novo.nspx, на која има и упатство за користење.

    Воведувањето на новата услуга е во рамките на унапредувањето на ИТ-безбедноста на процесите преку примена на нови технологии коишто се поотпорни на нападите од дигиталниот простор. Постојаното јакнење на киберотпорноста, како и користењето на технологиите за подобрување на услугите кон корисниците е заложба на централната банка. Оттука, неодамна започна билатерална соработка со централната банка на Италија, проект на Европската Унија, чијашто цел е преку пренесување на искуствата да се зајакнат стандардите и најдобрите практики во Народната банка за развивање и одржување апликативен софтвер.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично