ПОВЕЌЕ

    Најскапoто паркинг место во светот е продадено за 1,3 милиони долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Хонг Конг официјално стана рекордер откако едно паркинг место беше продадено за повеќе од еден милион долари.

    Паркинг местото кое се наоѓа во рамките на луксузниот комплекс на планината Николсон беше продадено пред неколку недели и тоа за околу 1,3 милиони долари, јавуваат локалните медиуми.

    Ова е повеќе од претходниот светски рекорд, кога во 2019 година, едно паркинг место близу до една деловна зграда во Хонг Конг, беше продадено за 979.700 американски долари.

    Познато е дека недвижниот имот во Хонг Конг е најскапиот во светот.

    Цените на недвижностите сеуште се високи, и покрај пандемијата и протестите што го размрдаа Хонг Конг во 2019 година, што дефинитивно доведе некои семејства да се иселат од таму.

    Местата за паркирање станаа луксузно добро што можат да си го дозволат само најбогатите жители на овој град.

    Сеуште не е познато кој го купил овој најскап паркинг простор на планетата. 

     

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично