По повод Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври, Силк Роуд Банка ги одбра најдобрите банкарски службеници во банката.
Најдобри банкарски службеници за 2020 година се Радмила Соколоска од експозитура Прилеп и Игор Алексовски од експозитура Битола.
Честитки до Радмила и Игор и им посакуваме успешна работа и во иднина во извршувањето на нивните работни задачи!
Силк Роуд Банка на вработените, клиентите и сите останати соработници и партнери им го честита Светскиот ден на штедењето 31-ви октомври.