ПОВЕЌЕ

    НАД 33 МИЛИОНИ ЕВРА ОСТАВИЛЕ ЛАНИ ГРАЃАНИТЕ САМО ВО ПЕТ ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ кои им биле најомилени

    Време зa читање: 3 минути

    Минатата година, туристичките агенции имаа полни раце работа, по кризните ковид години кога народот не можеше слободно да патува. Тој тренд продолжува и годинава и туристичкиот сектор се враќа на предпандемиските резултати.

    „Пари“ анализираше колкав промет и заработувачка направиле  туристичките агенции лани. Инетересно е што имињата на кои сме навикнале како најзвучни. Пребарувањето по платформата БизнисМрежа.мк не ги исфрли како најпрофитабилни. На пример, во тоа друштво не ги сретнавме „Савана“, „Орфеј“,„Нехар“.

    Истражувањето во соработка со БизнисМрежа и Таргет груп покажува дека најпрофитабилна била туристичката агенција „Бисер травел“, а најмногу промет направила „Фибула ер травел“, која има и најмногу вработени.

    Податоците покажуваат дека во првите 5 ТОП по приходи туристички агенции, направен е промет од над 33 милиони евра, односно току вредат туристичките патувања преку овие агенции во 2022 година. Преку истите туристички агенции во 2021 година е реализиран промет од 18,7 милиони евра.

    ТОП 5 туристички агенции по приход

    Првите ТОП 5 туристички агенции по добивки, заедно направиле профит од околу 1,3 милиони евра. Истите тие туристички агенции во претходната година заедно направиле профит од околу 1,1 милиони евра. Очекувано, на сите туристички агенции, освен на една од ТОП 5 најпрофитабилните, во 2022 година и е зголемен профитот во однос на 2021 година. Но, „Фибула травел“ во 2021 година имала речиси 5 пати поголема добивка отколку во 2022 година.

    ТОП 5 туристички агенции по профит

    Иако профит се намалил во „Фибула травел“, таму најмногу туристите покажале интерес да ги уплатат своите пари за патување. Податоците покажуваат дека наспроти падот на профитот, растел приходот и и обезбедил прво место на листата ТОП 5 туристички агенции по приход.

     

    Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично