ПОВЕЌЕ

    На УНИ Банка каматите и обезбедиле приход од 234,5 милиони денари

    Време зa читање: 2 минути

    УНИ Банка во прата половина од годинава оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти, вклучително и од областа на платните сервиси.

    Остварените вкупни приходи од работењето изнесуваат 1.017.5 милиони денари (16,6 милиони евра) и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 13,8 насто.

    Најголем придонес во ова имаат реализираните 234,5 милиони денари (3,8 милиони евра) – приходи од камати, кои се и најзначајниот елемент на банкарските приходи.

    Во структурата на вкупните приходи најголемо е учеството на приливите од камати – со 65,1 отсто и во споредба со истиот лански период се зголемени за 22,3 насто. Како што се посочува, анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на Банката кон кредитирање на секторот население.

    Освен тоа, во вкупните приходи раст има и кај приходите од провизии, за 7,2 проценти.

    Кај расходната страна, по шест месеци работење се бележи износ од 783 милиони денари (12,8 милиони евра). Овде има намалување од 0,9 отсто.

    Во податоците од УНИ Банка е наведено дека преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се зголемени за 91,5 проценти во однос на последниот ден од 2022. Конкретно, преземен е имот во износ од 19 милиони денари (311 илјади евра).

    Банката во првото полугодие исплатила дивиденди од 154,5 милиони денари (2,5 милиони евра), или 282,97 денари бруто износ по акција од остварената добивка во 2022 година.

    И покрај сите негативни влијанија од случувањата на глобално и на домашно ниво, нето кредитното портфолио на население бележи раст од 2,1 насто во однос на планот и 1,7 проценти споредено со 31.12.2022.

    Исто така надминати се и планираните извори на финансирање од секторот корпоративно и секторот население за 21,9 и 4,2 насто респективно, и тие се зголемени за 18,7 и 3,8 проценти во однос на крајот од минатата година. Воедно, и прибраните средства од финансискиот сектор бележат зголемување од 6,7 насто.

    Во претстојниот период Банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио, кој би бил поддржан со зголемен раст на депозитната база.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично