ПОВЕЌЕ

    Мразот, па сушата во Бразил ги „згорчија“ цените на кафето на светските пазари

    Време зa читање: 2 минути

    Екстремните временски услови влијаеја на посевите на кафе во некои од земјите кои се најголеми производители и со најдобар квалитет, што може да значи повисоки цени за вашата утринска шолја кафе. Според извештајот на The Wall Street Journal, фармерите на кафе во Бразил, светскиот лидер во производството на кафе, доживеале лошо време минатата година, најпрвин со мраз, а потоа и со долготрајна суша, што ги намали приносите на речиси половина од зрната арабика како и на обичното кафе.

    Бразил ќе произведе 35,7 милиони вреќи кафе во зрно во 12-те месеци почнувајќи од јули, велат аналитичарите за весникот. Спротивно на тоа, пред две години земјата произведе рекордни 48,7 милиони вреќи зрна.

    Цените на кафето првпат пораснаа минатата година по неколку години стабилни цени. Но, како и многу индустрии, кафето е погодено од синџирот на снабдување и други проблеми поврзани со пандемијата. Оттогаш, голем број на компании кои продаваат кафе ги зголемија своите цени. Меѓународната организација за кафе соопшти дека глобалната потрошувачка повторно ќе го надмине производството, а цените ќе се искачат уште повеќе.

    Со оглед на тоа што САД се справуваат со највисоката инфлација во последните децении, просечната цена за една фунта кафе е 6,11 долари во јули, додека пред една година цената беше само 4,56 долари, според Бирото за статистика на трудот.

    Сè уште е можно да заштедите со прескокнување на кафулето и подготовка на утринското пијалок дома, но цената на меленото кафе во супермаркет исто така расте.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично