ПОВЕЌЕ

    Какви услуги нуди Мотоцентар и зошто се двои од останатите дистрибутери на пнеуматици

    Време зa читање: 6 минути

    Oсновната определба на МОТОЦЕНТАР доо уште од основањето, во февруари 1994 година e Пневматикот, неговиот правилен избор и одржување.  Претставници се на најреномираните светски брендови пневматици: MICHELIN, CONTINENTAL, NOKIAN, TOYO, BRIDGESTONE, FIRESTONE, КORMORAN, GENERAL TYRE, BARUM, MITAS.

    Денес фирмата има 8 сервисно продажни објекти , 4 во Скопје и по еден во Куманово, Штип, Прилеп и Битола и брои 150тина професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците. Управителот на Мотоцентар, г-дин Горан Гроздоски ни одговори на неколку прашања во однос на тековните трендови и новитети во бизнисот на пневматици.

    Пари: Со што Мотоцентар се двои во однос на останатите дистрибутери на пнеуматици и какви се услуги нуди?

    Гроздоски:Покрај големиот избор на реномирани пнвематици како и врвната услуга нашиот кадар е обучен преку различни совети и прашања да му овозможи на секој клиент да го одбере вистинскиот пневматик за него во зависност од неговите потреби. Покрај тоа на секој купувач му се нуди бесплатна Мотоцентар клуб картичка со што добиваат поврат на средства или народно кажано кешбек со секое купување кај нас. Идејата е да се прошири базата на лојални клиенти на Мотоцентар кој ке имаат ексклузивен пристап до одредени промоции,попусти и информации.

    Исто така важен е нашиот однос према сигурноста на нашите клиенти и безбедноста при купувањето кај нас во време на пандемија. Мотоцентар како општесвено одговорна компанија ги превзема заштитни мерки во времето на Ковид 19, со цел клиентите безбедно да ги купат своите пневматици кај нас.

    Пари: Зошто е важен адекватен избор на пневматици за сите возила, било да се патнички или товарни?

    Гроздоски: Правилниот избор на пневматици е од витално значење за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Тој избор не вклучува само избор помеѓу зимски,летни или универзални туку пред се избор на производител. Од неодамна сме сведоци на наплив на голем број на пневматици со азиско потекло со сомнителен квалитет кои не ги задоволуваат европските стандарди за безбедност. Со купување на овие производи купувачите ја компромитираат својата безбедност како и на другите учесници во сообраќајот. Тоа поготово  преставува голем проблем сега во време на пандемијата, кога луѓето поради финансиската ослабеност или несигурност што ќе се случи, се решаваат  и покрај информација за небезбедниот избор да изберат  најефтини брендови на пневматици. Наша препорака е да се користат гуми исклучиво од реномирани светски производители, кои имаат фабричка гаранција и сертификат издадед од еминентна институција .Во однос на користењето на т.н. универзални гуми сакам да истакнам дека истите не нудат добри перформанси ни во летни ни во зимски услови и затоа претставуваат лош компромис кој секако се одразува на безбедноста. Наша препорака е да се користат зимски гуми со знак на снегулка во периодот од  15ти ноември до 15ти март и летни гуми од 15ти март до 15ти ноември. Ваквиот избор на пневматици ја гарантира безбедноста во сите услови,а со тоа и се продолжува и животниот век на самите пневматици.

    Пари: Кои се предизвиците на Вашата компанија со товарниот програм?

    Гроздоски: Со своето 26 годишно искуство и присутност на македонскиот пазар Мотоцентар е лидер во доменот на товарните пневматици, а во сите тие години имало големи предизвици во пневмативците наменети за товарни возила.

    Од самите почетоци наша определба била со нудење на т.н. солуции да им се овозможи што поголема вредност на самите флоти. Тоа го правиме со тоа што за разлика од нашите конкуренти не сме присутни само во доменот на продажба на нови пнеуматици туку имаме развиена и активна постпродажба а со тоа и максимално искористување на пнеуматици. Таа постпродажба вклучува мониторинг и контрола,одржување односно сервисирање на пнеуматиците,нарежување и протектирање на веќе потрошените пнеуматици по технологија на Bandag. Сето ова нуди поголеми бенифиции и заштита кај самите транспортни фирми. Со цел да се приближиме до нашите клиенти работиме на проширување на мрежата на сервисно-продажните центри и во моментов сме единствена фирма за пнеуматици која што располага со 3 сервиси за товарни гуми во Скопје, 1 во Прилеп, Штип и Битола. Исто така располагаме со обучен кадар кој што своето знаење и искуство го има стекнато во различни тренинг центри во Европа.

    Пари: Која е стратегијата за во иднина на Вашата Компанија?

    Гроздоски: Нашата стратегија е да продолжиме со ширење на нашата сервисно-продажна мрежа и во други градови во Македонија се со цел да бидеме поблиски до крајните потрошувачи. Планираме да воведеме нови услуги,нови пакети и солуции со што нашите купувачи би добиле поголема вредност за купените производи.

    Со оглед на тоа што сме во  зимската сезона ,би им препорачал на читателите да ја проверат состојбата на нивните пневматици и доколку се летни да ги заменат со зимски и доколку се истрошени да ги заменат со нови. Пред се им препорачувам да поминат во еден од нашите сервисно-продажни центри каде што можат да добијат стручен совет и препорака за состојбата на нивните пневматици, и да се запознаа со сите бенефиции којшто ги нуди Мотоцентар како специјализирана компанија за продажба и одржување на пневматици.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично