ПОВЕЌЕ

    Мистериозна миграција на биткоини вредна милијарда долари

    Време зa читање: 2 минути

    Уште во април 2013 година, ФБИ го затвори Патот на свилата, што претставува нелегална трговија на “Темната мрежа” каде се тргуваше со дрога и оружје.

    Неговиот основач Рос Улбрихт беше осуден на двоен доживотен затвор и уште 40 години во 2015 година, а се верува дека тој е сопственик на нелегално стекнати околу 70 000 биткоини кои биле во мирување на една крипто сметка од затворањето на Патот на свилата. Сепак, беше забележано овој вторник дека се активирани биткоините поврзани со трговијата на Улбрихт.

    Некој, можеби поврзан со Улбрихт или Патот на свилата, ги префрлил сите 70.000 биткоини, во вредност од скоро милијарда американски долари, на една биткоин адреса (паричник) во една трансакција. Трансакцијата чинеше 12 долари, а записот за тоа остана на блокчејн. Оттука произлегува и фактот дека овие биткоини се поврзани со Патот на свилата, што дополнително се зајакнува со фактот што никој не ги допре по затворањето на “Темната мрежа”

    Сè уште не е познато кој, како и зошто ја преместил оваа голема количина на криптовалути, а Улбрихт не е исклучен од сè. Тој е во затвор, но повремено комуницира со јавноста преку семејството кое управува со неговиот профил на Твитер. Ако тој или некој што е поврзан со него не е одговорен за оваа трансакција, третата можност е дека станува збор за кражба, односно дека некој успеал да ја пробие заштитата на паричникот и со тоа да набави незаконски заработени биткоини, пренесува Seebiz.eu.

    Фактот што се одржа на денот на американските претседателски избори фрла дополнителен сомнеж на оваа активност. Значи, некој префрли голема количина биткоин, веројатно во надеж дека никој од медиумите и јавноста, преокупирани со политиката, нема да забележат. Сега се очекува дека некој ќе се обиде да заработи во овие биткоини, што може да даде нови индиции и индикации за тоа кој има пристап до богатството на Улбрихт.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично