Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се приклучи и ја поддржа кампањата МојДДВ.
Мерката поврат на 15% од платениот ДДВ ги дава очекуваните резултати.
Заклучно со 5-ти септември, скенирани се вкупно 16.333.516 фискални сметки, и остварен е промет од 8.341.449.275 денари.
Повратот од 15% од пресметаниот ДДВ изнесува 135.893.436 денари или 2.210.000 евра. Исто така, значително подобрување е забележано и во одност на граѓаните кон нерегуларности при издавање на фискални сметки.
Бројот на пријави од страна на граѓаните за нерегуларности со фискални сметки е за 100% поголем во однос на минатата година. Граѓаните активно бараат да им се издадат фискални сметки и со тоа учествуваат во намалувањето на сивата економија.
Од почетокот на МојДДВ заклучно до август, наплатата на ДДВ е за 10% повисока во однос на минатата 2018 година.