ПОВЕЌЕ

    Минималните трошоци во мај 68.743 денари – синдикалната кошничка поевтина за 54 денари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Мајската вредност на минималната синдикална кошничка е 68.743 денари. Толку пари се потребни за намирување на основните месечни потреби на просечно четиричлено семејство што живее во сопствен дом. Трошоците се за 54 денари пониски во однос на априлските, кога жиевеачката чинела 68.797 денари.

    Најновите мерења на Сојузот на синдикатите покажуваат дека најмногу средста од домашниот буџет се насочуваат кон храната и пијалоците – 25.475 денари или 37,1 отсто. Домувањето и расчистувањето на сметките за вода, струја и греење чинат 6.338 денари). За облека и обувки треба да се издвојат 6.334 денари.

    Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри тогаш, според пресметките на ССМ, мајската минимална кошничка се зголемува на 84.117 денари. Притоа, само домувањето и режиските трошоци чинат 21.713 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично