ПОВЕЌЕ

    МБА: Банките предвремено ќе ја исплатат и мајската пензија

    Време зa читање: 2 минути

    Банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на мајските пензии, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

    Сите пензионери кои поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 27 мај 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата мајска пензија.

    Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, како што е соопштено и овојпат ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:

    – во среда, 27 мај – пензии во висина до 11.000 денари;

    – во четврток, 28 мај  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

    – во петок, 29 април  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

    – во понеделник, 01 јуни –  пензии во висина над 18.000 денари.

    Од банкарската асоцијација, апелраат клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите.

    – Апелираме сите корисници на пензии кои досега не го сториле тоа, при посета на филијалите и експозитурите заради подигнување готовина од мајската пензија, да пополнат барање за изработка на дебитна картичка.  Со тоа,  при исплатата на следната пензија, физичкото присуство во експозитурите и филијалите ќе биде помало, а секој пензионер ќе има лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време, се вели во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

    Сите банки, стои во соопштението од МБА, преземаат активности за при готовинската исплата на пензиите да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето и потсетуваат дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласна со насоките.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично