ПОВЕЌЕ

    МАСК ЈА ИЗБРКА СИНАТА ПТИЦА ОД ЛОГОТО НА ТВИТЕР по тужбата за измама тешка 258 милијарди долари

    Време зa читање: 4 минути

    Твитер го промени своето иконично лого на сина птица во понеделникот за да го имитира логото на популарната криптовалута – слика на куче што се појавува во вирални мемиња – во нешто што се чини дека е задоцнета првоаприлска шега на милијардерот сопственик на компанијата, Илон Маск. Традиционалната сликичка на сина птичка, заштитен знак на Твитер беше заменета со слика на Шиба Ину, симбол на доџкоинот, криптовалутата шега поради која е тужен извршниот директор Илон Маск.

    Во понеделникот, по американско време, корисниците забележаа дека логото на сината птица на почетната страница и на екранот за вчитување на Твитер е заменето со сликата shiba inu поврзана со криптовалутата Dogecoin memecoin. Не беше јасно дали промената на логото е трајна. Познато е дека Маск го користи Твитер за да ги трола своите обожаватели и критичарите.

    На свој типичен начин, Маск твитна меме во кое ја забележа промената. Официјалниот профил на Dogecoin на тоа твитна „Многу валута. Леле. Многу паричка. Како пари. Значи Крипто“, како одговор.

    Маск се осврна на промената во понеделникот попладне, твитувајќи „како што ветив“ над сликата од минатогодишната нишка разговор во кој корисник му предложи на Маск „само да купи Твитер“ и „да го смени логото на птицата во ( doge) куче“.

    Логото на Doge се појави на страницата два дена откако Маск побара од судијата да ја отфрли тужбата за рекетирање вредна 258 милијарди долари во која се обвинува дека водел пирамидална шема за поддршка на доџкоинот, според Ројтерс.

    Маск не ја објасни причината за промената, но промената се случи само неколку дена откако Маск поднесе петиција до судот во САД да ја отфрли тужбата поднесена против него од страна на инвеститорите на Dogecoin за 258 милијарди долари поради наводна пирамидална шема.

    Ројтерс во јуни минатата година објави дека според жалбата, тужителите тврдат дека Маск знаел дека од 2019 година криптовалутата нема никаква вредност, но го промовирала Dogecoin да профитира од нејзиното тргување. „Маск го искористи својот пиедестал како најбогат човек на светот за да управува и да манипулира со Dogecoin пирамидната шема за профит, изложеност и забава“, се наведува во жалбата.

    Тужителите, наводно, се пожалиле дека експанзијата на Dogecoin започнала кога Маск се појавил во Saturday Night Live и зборувал пофално за Dogecoin. Аргументите на адвокатите на Маск и на Тесла беа дека тужителите не успеале да докажат дека Маск имал намера да измами некого и дека неговите изјави како „Dogecoin Rulz“ („Доџкоинот е најјак“) и „Нема горе, нема доле, само Doge“ се премногу нејасни за да се поддржи тврдењето за измама.

    „Нема ништо незаконско во твитувањето зборови за поддршка или смешни слики за легитимна криптовалута која продолжува да држи пазарна вредност од речиси 10 милијарди долари“, рекоа адвокатите на Маск, барајќи од судот да ја отфрли жалбата.

    Вредноста на Dogecoin скокна минатата година, откако Маск објави дека  со оваа криптовалута можат да се купуваат производите на Teslа. Овојпат, при промена на логото на Твитер, вредноста на Dogecoin скокна од 0,079 американски долари на 0,094 американски долари, што е највисока вредност на валутата од ноември минатата година.

    Dogecoin е создаден на 6 декември 2013 година од пар софтверски инженери – како шега. Името е поздрав на мемето „doge“ кое стана популарно пред една деценија. Нејзината маскота Shiba Inu го имитира тоа меме: куче опкружено со куп текстови напишани во Comic Sans, на неправилен англиски јазик.

    Според протечени инсајдерски информации, инаку, Твитер сега вреди помалку од 20 милијарди американски долари, помалку од половина од она што Маск го плати за него пред шест месеци. И покрај тоа што вети дека ќе ги отстрани сините ознаки за проверените корисници од 1 април, страницата само досега го отстрани штиклирањето за главната сметка на Твитер на Њујорк Тајмс.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично