ПОВЕЌЕ

    Мартовскиот просек на платите за малку 35 илјадарки

    Време зa читање: < 1 минутa

    Просечната плата го достигнува нивото од 35 илјади денари. Конкретно, во март била исплатена нето-плата од 34.925 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во бруто-износ, пак, мартовскиот просек е 52.318 денари.

    Индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен во март, а во однос на истиот месец лани е 112.4, а на бруто-платата – 112.7.

    Според статистиката, растот произлегува од зголемувањето на просечната нето-плата во секторите градежништво (19,8%), образование (15.0%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9%).

    Споредено со претходнот месец, просекот на нето-платите е повисок во секторите рударство и вадење на камен (14,6%), преработувачка индустрија (6,4%) и уметност, забава и рекреација (5,4%).

    Што се однесува до трошоците во март, минималната кошничка тогаш се мерела со 50.070 денари. За храна – 19.263 денари, режиски трошоци 13.417, за превоз минимум 3.679, за хигиена 3.186 денари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично