ПОВЕЌЕ

    Мал ски – центар од рекреативен карактер ќе се гради на Кожув

    Време зa читање: 2 минути

    Во Михајлово, на околу 40 километри од Кавадарци, на планината Кожув започнаа подготовките за мал скијачки центар.

    Стартуваа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово со ски-стаза, ски-лифт и пропратни елементи за сите возрасти.

    -Како организација SkiMacedonia чија примарна цел е анимирање, промоција на инвестиции и развој во зимските спортови што и сами го правиме онолку колку можеме и колку ќе собереме, исклучително вредно е да напоменеме дека теренските работи za мал ски – центар од рекреативен карактер се донација од компании придонесувачи, општествено одговорна фирма ЈА-МИ Кавадарци. Инвестицијата за овој центар се донација од 231.660 евра, од кои 115.000 евра се средства донација на Комерцијална банка, а 115.000 евра се донација од Кожувчанка ДОО – велат од здружението SkiMacedonia.

    Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук објави дека започнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово.

    -Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија која што при крајот на ноември се очекува да се монтира. Скијачкиот центар се очекува да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови – истакна Јанчев.

    Овој ски – центар ќе поседува ски лифт и патека со должина од 370 метри чии капацитети се 600 лица на час. Патеката ќе има опрема за вештачко заснежување, инсталации и водоводна мрежа за снежните топови, заштитни мрежи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично