ПОВЕЌЕ

    „МАКЕДОНСКАТА ЧЕЛИЧНА ИНДУСТРИЈА мора да бара нови пазари!“

    Време зa читање: 2 минути

    Македонската индустрија, меѓу кои е и челичната, мора да бара нови пазари. Но, прашање е дали сме подготвени? Димитар Цветковски од Макстил вели дека компаниите веќе се пренасочуваат кон Полска, Чешка, Романија и Турција. Дали ова е вистинскиот потег?“

    Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кој се емитува премиерно секој четврток, а се гледа секогаш кога ќе се посака.

    „Меѓутоа, и без да сме сконцентрирани до толкав процент на германската економија, целата економија на Европската Унија на некој начин трпи поради тоа што се случува во Германија. Челичната индустрија, мислам, како приватни компании, сигурно се трудиме да најдеме излез на други пазари. Тоа е на некој начин е секојдневна борба на сите компании.

    Македонија, мислам, ние како Макстил, челична индустрија, мислам дека не извезуваме директно толку многу во Германија како држава. Меѓутоа, има многу други индустрии низ Европската Унија, кои што зависат од тоа. Тука сигурно има некаква стагнација доколку германската економија не се опорави, ќе има на некој начин пад на тој извоз.

    Што се однесува до Макстил, ние бараме други пазари. Мислам, во последните години сме сконцентрирани повеќе на источниот дел од Европа, значи Полска, Романија, Чешка, Словачка, тие земји од Централно-источна Европа. Турскиот пазар ни е многу интересен во последните години.

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот, на нашиот ЈуТјуб канал. Не заборавајте да притиснете „сабскрајб“ и да го следите нашиот канал!“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично