ПОВЕЌЕ

    Македонска берза: СН Осигурителен брокер на Листата за набљудување

    Време зa читање: 2 минути

    Битолскиот СН Осигурителен брокер е впишан во берзанската Листата за набљудување. Оваа мерка уследи откако Агенцијата за супервизија на осигурување донесе решение за одземање на дозволата за вршење на осигурително брокерски работи.

    „Ве известуваме дека е донесен заклучок за внесување на издавачот СН Осигурителен брокер АД Битола на Листата за набљудување што се објавува на веб-страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

    Внесување на друштвото СН Осигурителен брокер АД Битола на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради одземена дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на овој издавач“, наведено е во соопштението на Македонска берза.

    На оваа листа се внесуваат компании кои котираат на официјалниот пазар, доколку не се однесуваат според Правилата за котација, односно забележани се сериозни отстапувања. Исто така, тоа се прави, како во случајов, за да и се обрне внимание на инвеститорската јавност на актуелните состојби кај издавачот, кои треба да се имаат предвид кога се носат одлуки за инвестирање во нивните хартии од вредност.

    Инаку, СН Осигурителен брокер ја загуби дозволата стекната во 2014 година поради тоа што во текот на работењето биле прекршени десетици одредби од Законот за супервизија на осигурување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично