ПОВЕЌЕ

    Мајската кошница од 800 евра ја покриваат 1,4 просечни плати, 2,5 просечни пензии или 2,4 минималци

    Време зa читање: 2 минути

    Потрошувачката кошница во мај е измерена на 49.025 денари, или речиси 800 евра. Тоа се минималните средства што биле потребни за четиричлено семејство да ги задоволи најосновните месечни потреби, покажуваат податоците од Сојузот на синдикатите на Македонија.

    Вообичаено, најголемиот дел од трошоците се наменети за храна и пијалаци. Минатиот месец нивниот удел е со 19.532 денари, односно 316 евра. Трошоците за домување на просечно семејство се над 216 евра. Или во синдикалната кошница за таа намена се забележани 13.392 денари.

    Освен тоа, за превоз биле потребни најмалку 3.720, а за хигиена 3.196 денари. Низ месеците наназад како најниска ставка меѓу трошоците фигурира одржување на здравјето. Овој пат за тоа биле потребни 821 денар.

    Мајската кошница е за 359 денари полесна од априлската, кога изнесуваше 49.384 денари. Очекувано е да се намалува во текот на летните месеци, кога понудата на зелените пазари и пониските цени завршуваат добар дел од работата. Се одразуваат и на микро план – на домашиот буџет, но и на инфлацијата, за која се очекува во текот на летово да влезе во едноцифрената зона. Трендот на намалување е присутен. Во мај инфлацијата е со стапка од 11,3, а во април беше 13 проценти.

    Наспроти животните трошоци се месечните примања. За потсетување на состојбите на овој план – просечната плата, според последните податоци на Статистика кои се за март, е 34.925 денари односно 565 евра. Просечната пензија е 19.150 денари или 310 евра, а минималецот 20.175 денари, што е еднакво со 326 евра. Значи, за покривање на минималната кошница се потребни 1,4 просечни плати, 2,5 просечни пензии и 2,4 минимални плати. Со други зборови, секој си знае како ја надоместува разликата, или минусот, меѓу приходите и реалните потреби во месецот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично