ПОВЕЌЕ

    Либра, криптовалутата на Фејсбук, со големи потешкотии пред лансирањето

    Време зa читање: 3 минути

    Новата дигитална валута Либра по само 2 месеци откако Фејсбук ги најави плановите околу лансирањето на криптовалутата, веќе наиде на многу отпор.


    Фото: Gerd Altmann from Pixabay

    Либра и нејзиното воведување наиде на многу скептицизам од страна на правниците и регулаторите. Но, извршниот директор на Фејсбук, David Marcus, вели дека компанијата нема да продолжува со воведувањето на дигиталната валута сé додека регулаторите и владите низ светот не се задоволни од нејзината инфраструктура.

    На 18 јуни Фејсбук објави дека заедно со 27 партнери ќе ја лансира новата криптовалута Либра, меѓу кои и Виза, Мастеркард, Убер и други.

    Како истакнува Блумберг, за само неколку дена, од повеќе страни од светот почнаа превривања за новата криптовалута. Веќе истиот ден, на 18 јуни, претседателката на Комитетот за финансиски услуги во САД, Maxine Waters, нареди да се запре развојот на токенот за дигиталната валута се додека регулаторите не ја истражат во целост. Член на одборот на Централната банка на Германија во интервју, 4 дена подоцна, истакна дека токенот на Либра би можел да се употребува за перење на пари и финансирање на тероризам.

    По половина месец, претседателот на Федералните резерви на САД, Jerome Powell ги извести правниците во Комитетот за финансиски услуги на САД дека Либра „предизвикува сериозни загрижувања во однос на приватноста, перењето на пари, заштитата на потрошувачите и финансиската стабилност“.

    Фото: Gerd Altmann from Pixabay

    Гувернерот на Централната банка на Франција, Francois Villeroy de Galhau, исто така забележа и истакна на Францускиот Сенат дека „колку повеќе го истражуваат проектот на Либра, толку повеќе имаат сериозни прашања и забелешки“.

    На 11 јули, претседателот на САД, Donald Trump, објави на твитер дека Либра „ќе има мало опстојување или сигурност“. А, веќе на 14 јули демократското мнозинство на Комитетот за финансиски услуги предлагаат да се воведе забрана за големите технолошки компании-гиганти да имаат можност да нудат банкарски или други финансиски услуги.

    Наредните неколку дена, насекаде низ светот, Белата куќа, Европската Унија, „чуварите“ на приватноста на меѓународните податоци од Велика Британија, Австралија, Канада и Федералната комисија за трговија на САД, истакнаа дека е потребна поголема транспарентност на дигиталната валута Либра за нејзината инфраструктура, како и за тоа на кој начин ќе бидат процесирани личните податоци на корисниците.

    А сега, на 20 август, Блумберг објавува дека и „Европската Комисија ги истражува потенцијалните анти-конкурентски однесувања на Либра и дава загриженост дека предложениот платежен систем на Либра во нефер конкуренција ќе ги отфрли конкурентите“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично