ПОВЕЌЕ

    Лајконет маркетарите во Македонија донираа дел од својата месечна заработка во вкупен износ од 10 000 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во ситуација кога државата се справува со еден од најтешките предизвици досега, независните маркетери на Лајконет (Lyconet) во Македонија одлучија да се солидаризираат со здравствените работници во борбата против коронавирусот со тоа што доброволно донираа дел од својата месечна заработка, односно вкупно 10.000 евра за потребите на Министерството за здравство.

    Овие средства се префрлени на сметката на Министерството за здравство како своевидна поддршка на активностите кои се во насока на поефикасно и побрзо справување со епидемијата предизвикана од коронавирусот. Идејата e покрената и реализирана од страна на независните маркетери на Лајконет, и со овој чекор, маркетерите ја изразуваат својата граѓанска одговорност, а се одлучија за овој хуман гест, бидејќи според нив, Министерството за здравство и борците во белите мантили се главниот столб од кои зависат животите на сите нас.

    Лајконет се занимава со мрежен маркетинг, а моментално брои повеќе од 1.000 активни независки маркетери само во нашата држава. Лајконет Македонија ДООЕЛ Скопје е членка на Lyconet групацијата чие главно седиште се наоѓа во Виена, Австрија. Оваа меѓународна компанија е активна на 49 пазари ширум светот, како глобална платформа за водење на сопствена лојална програма.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично