ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД – Скопје ќе ги издава КУПУВАМ ДОМАШНО картичките до 17 јули

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје во проектот Купувам домашно,  учествува со над 110.000 платежни картички (ДПК) кои се изработуваат секојдневно и испраќаат во филијалите. Откако картичките ќе стигнат во филијалата за која се наменети, се доделува термин за подигнување на картичката и клиентите добиваат СМС или можат да проверат на веб формуларот www.stb.com.mk/DPK кога и каде да ја подигнат картичката.

    Состојбата до 23 јуни покажува дека Стопанска банка има изработено повеќе од 70.000 картички од вкупните 110.000 и тој процес продолжува во следните 2 недели кога ќе бидат изработени преостанатите картички. За овие 10 дена подигнати се 25% од сите планирани картички и истите активно се користат во продажната мрежа. Процесот на изработка и дистрибуција на картичките продолжува со предвиденото темпо, но потребно е трпение и разбирање затоа што процесот бара време и ресурси, а филијалите на Банката работат во вонредни услови со максимален капацитет и со продолжено работно време.

    Стопанска банка АД – Скопје апелира граѓаните да го почитуваат доделениот термин и да не доаѓаат во филијалите за информирање. Сите информации се достапни бесплатно и во секое време на веб страницата на Банката за секој клиент одделно.

    Картичките за кои при проверка на www.stb.com.mk/DPK стои пораката „СЕ ИЗРАБОТУВААТ“ ќе бидат достапни во следните денови, граѓаните може да проверуваат секојдневно, терминот ќе се појави штом картичката биде достапна за подигнување.

    НАПОМЕНА: Со доаѓање во филијалата без термин и проверка дека картичката им е изработена во Стопанска банка, граѓаните се соочуваат со непотребно чекање во ред, веројатно нема да може да влезат во филијалата, бидејќи приоритет имаат клиентите со термин, а притоа непотребно се изложуваат на гужви и на здравствен ризик.

    Стопанска банка АД – Скопје ги потсетува граѓаните дека првата проверка ДАЛИ им следува картичка е достапна на https://www.kupuvamdomasno.gov.mk/

     

    ЗА ЈУНСКИТЕ ПЕНЗИИ ПРОЧИТАЈ [ Т У К А ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично