ПОВЕЌЕ

    Кој сака да тргува со криптовалути во Србија, ќе мора да добие лиценца

    Време зa читање: 2 минути

    Наскоро се очекува јавна расправа за Предлог законот за дигитален имот, кој треба да ја регулира областа на криптовалутите и блокчејн, пишува порталот Startit. „Оние кои имаат деловна активност во оваа област ќе мора да ги почитуваат правилата, бидејки ќе се воспостави систем за борба против измама.

    Лиценцата, во зависност од специфичната активност, ќе ја издава Народната банка на Србија или Комисијата за хартии од вредност, објаснува Душан Ромчевиќ, инспектор во Комисијата за хартии од вредност. Посебен акцент ќе се стави на издавање и деловно работење со дигитални токени, со кој што треба да се овозможи нов метод за финансирање на бизнисот, пред се на малите и средни претпријатија.

    Системот што се воспоставува ќе овозможи инвестиции во биткоин во Србија на легален начин и преку лиценцирани платформи, како и во други форми на дигитални средства. „Дигиталните валути, криптовалутите и блокчејн не се нужно поврзани термини. Сите овие имиња и начинот на кој работи целата индустрија, ги прават луѓето збунети. Ова е токму местото каде што се појавуваат измамници кои бркаат лесни пари “, објаснува Марија Блежиќ, од белградската крипто заедница.

    Се случува некои криптовалути да се направат, објават и продадат, а потоа тимот да исчезне со парите, но тоа лесно се препознава, бидејќи има силен маркетинг, додека вистинските криптовалути имаат децентрализиран систем и такви измами не можат да се случат со нив. Законите во Србија во моментов ги допираат крипто-валутите само преку регулативи за перење пари, што не спречува измама, но го попречува развојот на дигиталната индустрија.

    Во Србија има проблем со сопственоста на компаниите, бидејќи околу 24.500 компании не го регистрирале вистинскиот сопственик во Агенцијата за деловни регистри. Според студијата на Европскиот парламент, на почетокот на годината, вредноста на крипто активата била поголема од 250 милијарди долари, а скоро половина од годишните трансакции можат да бидат поврзани со нелегални активности.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично