ПОВЕЌЕ

    Крај на четиригодишна агонија: Oдобрен трговскиот договор меѓу ЕУ и Велика Британија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Европскиот парламент го одобри трговскиот договор меѓу Велика Британија и Европската унија по Брегзит со големо мнозинство гласови, со што се отстрани последната пречка за целосно ратификување на договорот, пренесува британската агенција Ројтерс.

    Според изјавата на парламентот, пратениците на ЕУ го поддржаа договорот за трговија и соработка со 660 гласа „за“, пет „против“ и 32 воздржани.

    Гласањето се одржа вчера, но поради мерките за корона и ограничувањето на работното време, резултатот не беше веднаш познат. Одлуката на Европскиот парламент, пишува Ројтерс, става крај на четиригодишните тешки преговори, како и на долгорочната меѓусебна недоверба, откако Велика Британија го заврши 47-годишното членство во ЕУ.

    Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утрово ја поздрави одлуката на Европскиот парламент, истакнувајќи дека спроведувањето на трговскиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ е од суштинско значење.

    „Договорот за трговија и соработка (ТЦА) е основа за силно и блиско партнерство со Велика Британија“, напиша фон дер Лајан на Твитер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично