ПОВЕЌЕ

    КОВАЧЕВСКИ СЕ ПОФАЛИ СО ИСКОРИСТЕНОСТА НА ИПАРД ПРОГРАМАТА И НАЈАВИ идни 210 милиони евра за ИПАРД 3 проекти

    Време зa читање: 3 минути

    Од земја која не ги искористуваше парите од европските фондови, и ги враќаше назад во ЕУ, Северна Македонија ја направивме земја лидер по искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата. Кој било град или село да го посетите скоро секаде ќе наидете на табла дека некој проект е реализиран со помош и средства од ИПАРД. За нас е многу важно што сето тоа го гледаат нашите пријатели од меѓународната заедница, ја добиваме нивната поддршка кон градење на економски силна и профитабилна земја, конкурентна на меѓународен план, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во изјава по денешната посета на компанијата Метро, која со помош на ИПАРД Програмата вложила во осовременување и високи технологии за зголемување на своите капацитети.

    Владата која ја предводам многу сериозно пристапи кон ИПАРД Програмата, затоа што веруваме во потенцијалот на земјоделците, истакна Ковачевски. „Успешната реализација на ИПАРД 2 Програмата ни донесе уште повеќе пари,  Европската комисија донесе одлука за зголемување на средствата наменети за Северна Македонија за 62% со новата ИПАРД 3 програма. Во ИПАРД 2 Програмата ЕУ за Северна Македонија издвои 60 милиони евра, за ИПАРД 3 Европската Унија на нашата земја издвои 97 милиони евра. Тоа се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да и ги вратиме“, нагласи тој.

    Ковачевски соопшти дека средствата ќе се насочат кон примарното земјоделско производство, преработка на земјоделски производи, развој на различни деловни активности поврзани со овој сектор во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, како инвестиции за текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица со цел руралните средини да се развиваат како што се развиваат и урбаните средини.

    „Заедно со кофинансирањето од државата и апликантите вкупната вредност на програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра, средства наменети за инвестиции во следните 7 години. За уште поголем интерес и реализација на новата ИПАРД 3 програма предвидуваме и можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка преку ИПАРД 3 програмата“, рече Ковачевски.

    Министерот за земјоделие. шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека Владата и Министерството ќе се залагаат за уште поголема вклученост во новата ИПАРД 3 Програма. Преку ИПАРД Програмата, може да се набавува модерна земјоделска механизација, опрема за производство и преработка со највисоки технологии, изградба или проширување на производствените капацитети, средствата се наменети за поддршка за туризмот, како и за рурален развој.

    „Она што како нова мерка со новата ИПАРД 3 Програма го предвидуваме е и можноста за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка преку ИПАРД 3 Програмата. На овој начин помагаме апликантите да можат веднаш и побрзо да започнат со реализација на својот ИПАРД проект. Нашата цел е уште поголема реализација и склучени договори со новата ИПАРД 3 Програма, токму затоа во наредниот период тимови на Министерството и Агенцијата заеднички на терен директно пред граѓаните ќе ги презентираме сите можности кои се ставаат на располагање со мерките од ИПАРД 3 Програмата“, изјави министерот Николовски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично