ПОВЕЌЕ

    БАНКАРСТВОТО ВО ПРВOТО ПОЛУГОДИЕ: ТРИТЕ НАЈГОЛЕМИ БАНКИ направиле вкупна добивка од 70,1 милион евра

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка, Стопанска банка – Скопје и НЛБ банка се трите најголеми банки во Македонија и тие, и во овие турбулентни времиња,  ги зголемија своите добивки, покажуваат полугодишните неревидирани финасиските извештаи на Македонската берза.

    Вкупната добивка пред оданочување што ја направиле овие банки за 6 месеци, односно од јануари до јули, е 70,1 милион евра. Во 2021 година пак, нивната вкупна добивка пред оданочување била 51,7 милиони евра. Овие податоци покажуваат дека годинешниов успех на најголемите банките е многу поголем од ланскиот, така што тие во првото полугодие направиле за 18,4 милиони евра поголема добивка од ланската.

    Податоците покажуваат и дека големината на активата не ја диктира големината на добивката. Имено, може банката да има помала актива, а поголема добивка.  Но, банкарството е сложен сектор и до крајниот резултат има многу елементи…

    Актива

    БанкаАктива
    Комерцијална банка2,4 милијарди евра
    Стопанска банка 1,9 милијарди евра
    НЛБ Банка 1,7 милијарди евра

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА, СТОПАНСКА БАНКА СО НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА

    Според активата што ја има Комерцијална банка е најголемата банка. Сепак, таа има помала добивка пред оданочување и од НЛБ и од Стопанска банка. Меѓу овие три банки, со најголема добивка, од 26.5 милиони евра пред оданочување, направена за 6 месеци, е Стопанска банка. Нејзината актива пак, е за 500 милиони евра помала од активата на Комерцијална банка .

    Од податоците може да се види и дека најголемо зголемување, во апсолутен износ, има токму кај добивката на Стопанска банка. Но,солиден раст има и кај другите две банки.

    Добивка

    БанкаДобивка пред оданочување (30.6.2022)Добивка пред оданочување (30.6.2021)
    Стопанска Банка26,5 милиони евра19,8 милиони евра
    НЛБ Банка25,2 милиони евра20,4 милиони евра
    Комерцијална Банка18,4 милиони евра13,5 милиони евра

    КАКО РАСТАЛЕ ПРИХОДИТЕ ОД НЕТО-КАМАТИ?

    Со растот на кредитирањето, како и со растот на депозитите во банките, се зголемува и износот на каматите, како за цената што се наплатува за дадените кредити, така и за онаа што се плаќа за земените депозити. Приходот од таа разлика, наречена нето-камата, бил најголем во Стопанска банка, каде е и најголемата добивка.  Раст, секако има и кај другите банки. Ова е најважната приходна ставка кај банките.

    Нето-камати

    БанкаНето-камати (30.6.2021)Нето – камати (30.06.2020)
    Стопанска Банка32,3 милиони евра30,7 милиони евра
    НЛБ Банка24,7 милиони евра 23,7 милиони евра
    Комерцијална Банка21,6 милиони евра19,2 милиони евра

    Како поминал целиот банарски сектор во првото полугодие од годинава во однос на ланското, се очекува да откријат податоците на Народната банка.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично