ПОВЕЌЕ

    ПРОФИТ ОД 23 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ – КАКО НЛБ Банка оствари одличен финансиски резултат?

    Време зa читање: 3 минути

    НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2022 година оствари нето добивка во износ од 1.395.014 илјади МКД, што претставува зголемување за 23,5% во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година. Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката. Во извештајниот период Банката склучи нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање “Зелена енергија” која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност.

    Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2022 година се повисоки за 4,3% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,4%, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и домаќинства додека расходите за камати се пониски за 13,3% главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

    Нето приходите од провизии се повисоки за 3,6% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 13,1% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 27,3%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи а во помала мера поради зголемување на расходите од услуги во платен промет странство.

    Останатите некаматни приходи изнесуваат 397.085 илјади МКД и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и домаќинства.

    Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.522.841 илјади МКД и се пониски за 7,1% во однос на претходната година.

    Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.106.423 илјади МКД и се зголемени за 8,2% при што трошоците за вработени се повисоки за 5,7%, трошоците за амортизација се повисоки за 18,1%, останатите расходи од дејност се повисоки за 8,4% во однос на претходната година.

    Заклучно со 30.06.2022, беа ослободени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 82.380 илјади МКД соодветно на подобрената структура, наплата и квалитет на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 51.218 илјади МКД.

    Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2022 година изнесува 1.395.014 илјади МКД и е зголемена за 23,5% во однос на претходна година.

    Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично