Со цел постојано унапредување на платежните услуги и уште подобро корисничко искуство Комерцијална банка реализира значајна инвестиција преку имплементација на современи решенија од Oracle, водени од вештачка интелигенција.
Банката ја избра платформата Oracle Banking Payments за да им овозможи на своите клиенти уште побрзи и побезбедни платежни услуги, кои се прилагодуваат на потребите на современите корисници.
„Со усвојување на платформата за банкарски плаќања на Oracle правиме важен чекор кон понатамошно модернизирање на процесите и обезбедување супериорна вредност за нашите клиенти. Во согласност со нашата цел да го зајакнеме нашето лидерство во иновациите во дигитално банкарство, соработката со Oracle ќе овозможи подобрување на нашите платежни услуги преку уште побрзи трансакции. Остануваме фокусирани на извонредност и беспрекорно задоволството на клиентите“, изјави д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.
Унапредувањето на процесите на плаќања со Oracle Banking Payments е дел од пошироката стратегија на Комерцијална банка дополнително да ги модернизира платежните услуги и системи, овозможувајќи усогласеност со ИСО 20022 стандардот, како и со СЕПА шемата.
„Комерцијална банка АД Скопје е доверлив лидер во финансискиот сектор на Северна Македонија. Со нашата напредна банкарска платформа, банката може да ги забрза и да ги направи уште побезбедни прекуграничните и домашните плаќања и континуирано да се подобрува за да одговори на развојот на пазарот, да помогне за трансформација на регионалната слика на плаќањата и да поттикне долгорочен раст и иновации“, изјави Венки Сринивасан, Постар заменик-претседател, Global Banking and Insurance Sales Oracle Financial Services.
Комерцијална банка останува посветена на континуирано подобрување на клиентското искуство преку технолошки иновации и дигитална извонредност.