ПОВЕЌЕ

    Кој хеџ фонд заработи 700 милиони долари со помош на „GameStop“ скандалот?

    Време зa читање: 2 минути

    Малите инвеститори не се единствените кои „зедоа дел од колачот“ на Вол Стрит овие денови. Хеџ фондот „Санвест Менаџмент“, кој инвестираше во GameStop од септември, има заработено дури 700 милиони долари.

    Да потсетиме, големите инвеститори очекуваа да паднат цените на акциите на оваа компанија, што би ги заработиле со тргување на берза. Малите инвеститори, се организираа да се занимаваат со тргување со акциите на „GameStop“ и со тоа ја зголемија нејзината цена, што ги одведе големите играчи во огромни финансиски загуби.

    Сепак, се покажа дека победниците во оваа игра не се само мали инвеститори, како што првично се сметаше. Санвест Менаџмент е хеџ фонд чии двајца менаџери започнаа да инвестираат во GameStop уште во септември минатата година. Кога вредноста на акциите на компанијата порасна од помалку од 10 на над 400 американски долари, фондот заработи 700 милиони долари.

    Тие самите не очекуваа ваков развој на ситуацијата. Нивниот интерес за компанијата што продава видео игри се разви по презентацијата што ја даде новиот извршен директор на GameStop минатиот јануари. Тие видоа можност во оваа компанија, за која многумина се обложуваат, дека сепак ќе преживее и ќе продолжи да се развива.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично