ПОВЕЌЕ

    Кој е Карлос Госн?

    Време зa читање: 4 минути

    Карлос Госн беше бизнисмен, кој менаџираше неколку големи компании. Но сега, еден од најмоќните менаџери во светот, е во центарот на вниманието како бегалец. 

    Оваа приказна се претвори во глобална сензација, кога Госн официјално се најде во списокот на Интерпол. На 65 години, Карлос Госн извршил сложено бегство од неговиот дом во Јапонија, кон Либан. Тоа не било лесно, особено ако се земе во предвид дека тој бил под 24-часовен надзор и куќен притвор, без пристап до Интернет. Госн е државјанин на три различни земји. Бразил, каде е роден, Либан, каде што пораснал, и Франција, каде што се школувал во некои од најпрестижните училишта. 

    После школувањето, Госн поминал 18 години со производителот на гуми Мишелин, работејќи во непосредна близина до главниот извршен директор на Мишелин, во Северна Америка. Во 1996 година, тој се преселил во Рено, каде што беше задолжен за дивизијата во Австралија. Три години подоцна, Госн беше испратен во Токио. Во тоа време, јапонскиот производител на автомобили имаше долг од 35 милијарди долари. 

    За само шест години, Нисан ја помина Хонда и стана втор најголем автомобилски производител во Јапонија. Во 2005 година, тој беше назначен за извршен директор на Рено, со што стана првиот извршен директор што управува со две “Fortune 500” компании истовремено. Во 2016 година, Госн стана претседател на Мицубиши, бидејќи јапонскиот производител на автомобили се приклучи на сојузот помеѓу Рено и Нисан. Дополнителната плата го направи Госн еден од најдобро платените директори во автомобилската индустрија. Па, како тој се најде на црвената листа на Интерпол? 

    Првото апсење на Карлос Госн беше на аеродромот Ханеда во Токио, во ноември 2018 година, кога беше обвинет за нецелосно пријавување на приходите, проценети околу 48 милиони долари, помеѓу 2010 и 2015 година. Тој беше уапсен заедно со поранешниот шеф на Нисан, Грег Кели, кој во моментов е сеуште во притвор во Токио. Падот на Госн се случи веднаш по тврдењата за прекумерно трошење. Едно од тие обвинувања беше тоа што организирал раскошни забави во палатата на Версај. Во 2014 година, тој потрошил повеќе од 800.000 долари на еден настан, за одбележување на 15-годишнината од алијансата Рено-Нисан, настан кој случајно се поклопил со неговиот 60-ти роденден.

    Големите плати не се толку необични за еден извршен директор како Госн. Но, во Јапонија, каде што просечната плата на извршната власт е скоро една десетина од она што е во САД, неговото трошење привлече многу внимание. Откако помина повеќе од 100 дена во притвор, му беше изречена кауција во март, 2019 година.

    Тој беше повторно уапсен еден месец подоцна, откако јапонските обвинители поднесоа нови обвиненија против него. Овој пат, тие тврдеа дека злоупотребил 5 милиони долари од приходите од Нисан, помеѓу јули 2017 и јули 2018 година. Госн тврди дека овие обвинувања се неосновани, и се дел од група на луѓе кои сакаат да го отстранат од власт. 

    На крајот на декември, Госн успеа да го напушти својот дом во Токио и да отпатува за Осака, со негов приватен авион. Потоа отишол во Истанбул, и на крај во Либан. Тогаш тој се најде на црвената листа на Интерпол. Госн моментално, се соочува со затворска казна до 10 години ако биде прогласен за виновен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично