ПОВЕЌЕ

    Климе Попоски се повлекува од Управниот одбор на „Македонија осигурување“

    Време зa читање: 2 минути

    Експертот за управување со ризик и осигурување, Климе Попоски, го напушта Управниот одбор на Македонија осигурување. Со поднесената оставка се повлекува од позицијата член и потпретседател на ова раководно тело во осигурителната компанија. Оставката е процесуирана пред Надзорниот одбор, а Попоски, кој беше именуван лани во ноември, ќе остане дел од тимот до крајот на мај.

    „Ве известуваме дека на 24.04.2025 година г-дин Климе Попоски поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Управниот одбор на Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Оставката на г-дин Климе Попоски е констатирана на седницата на Надзорниот одбор одржана на 24.04.2025 година. Оставката на г-дин  Климе Попоски е со важност од 01.06.2025 година. Г-дин Климе Попоски ќе ги извршува своите обврски како член и потпретседател на Управниот одбор заклучно со 31.05.2025 година“, соопштија од компанијата преку Македонска берза.

    Попоски е професор на Катедрата за осигурување на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Основач е на Агенцијата за супервизија на осигурување и десет години го предводеше Советот на експерти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично