Преку соопштение на Македонска берза ТТК банка испрати известување за ценовно чувствителна информација. Во врска со Одлуката за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент по пат на јавна понуда – корпоративна обврзница (прва емисија), донесена на Собранието на ТТК Банка АД Скопје одржано на ден 3.7.2019 година, ТТК банка известува дека на ден 22.8.2019 година Комисијата за хартии од вредност на РСМ донесе Решение за давање одобрение за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда заведено под број УП 1 Број 10-69.