ПОВЕЌЕ

    КХВ издаде учебници за изборниот предмет од областа на пазарот на капитал

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комисијата за хартии од вредност ги издаде учебниците „Основи на пазарот на капитал“ и „Работење со финансиски инструменти на пазарот на капитал“ наменети за учениците од трета и четврта година во средните стручни училишта. Во кои, со поддршка и со согласност од Министерството за образование и наука, КХВ воведе изборен предмет од областа на пазарот на капитал. А, учебниците отпечатени на македонски и албански јазик, треба да овозможат полесно следење на наставниот материјал од оваа област.

    Учебниците ја следат усвоената програма на МОН и се изработени за активно учење, со посебен акцент на развивање на знаења кои се дел од профилите на економската, правната и на трговската струка. И тоа, преку интеракција меѓу ученикот, наставникот и содржините за учење. Стручнатата литература е веќе дистрибуирана до сите стручни економски училишта низ државата.

    Од КХВ информираат дека до учебниците може да се дојде и преку нивната веб страница – во делот Едукација и заштита на инвеститори/Публикации/Брошури и стручна литература.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично