ПОВЕЌЕ

    КХВ издаде Поимник од областа на хартиите од вредност на шест јазици

    Време зa читање: 2 минути

                 

    “ПОИМНИК на основни термини од областа на пазарот на хартии од вредност” е публикација на шест јазици (македонски, албански, српски, босански, турски и ромски јазик) која на учениците од средните стручни училишта им овозможува да ги прошируваат своите знаења од областа на пазарот на хартии од вредност и тоа на својот мајчин јазик. Поимникот е веќе дистрибуиран  до средните стручни училишта СОУ “Шаип Јусуф”, Шуто Оризари од Скопје, СОУ “Перо Наков” oд Куманово и СЕОУ ”Гостивар” oд  Гостивар.

    Со оваа публикација, КХВ го одбележа 21-ви февруари-Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој е воспоставен од Обединетите Нации и од УНЕСКО и уште еднаш потврди дека како регулатор на пазарот на капитал се вложува во подигнувањето на финансиската едукација на младите, која меѓу другото подразбира учење и негување на својот мајчин јазик.

    Комисијата за хартии од вредност  во соработка со средните училишта во земјава континуирано низ различни проекти придонесува кон градење на општество, во кое се почитува правото на говорење и изучување на мајчиниот јазик и култура на сите заедници, а со тоа и јакнење на мултикултурализмот, недискриминацијата и родовата еднаквост, кои се основни постулати на секоја современа и демократска заедница.

    Извор: https://www.sec.gov.mk/

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично