ПОВЕЌЕ

    Како се вреднува една компанија со показателот Цена / Заработка?

    Време зa читање: 3 минути

    Некои инвеститори користат финансиски извештаи за да можат правилно да вреднуваат една компанија. Всушност, така треба да вреднува и секој инвеститор.

    Прочитајте кои се најголемите грешки кои ги прават инвеститорите.

    Да разгледаме како се користат двете најбитни финансики показатели, Цена / Заработка. Односот Цена / Заработка помога во споредбата на вреднувањето компании во кои сме заинтересирани да купиме акции. Ајде да погледнеме еден пример. Да претпоставиме дека има две компании кои продаваат алати. Компанијата А тргува со 600 денари по акција, додека компанијата Б тргува за 100 денари по акција. Неискусниот инвеститор може да претпостави дека акциите од 100 денари се подобра опција затоа што вредноста на акцијата е поевтина. Но, тоа не е секогаш случајот. Ниската цена на акциите не се показатели дека акциите се потценети. Акциите се сметаат за потценети кога нејзината цена е ниска во однос на износот на пари што компанијата го заработува, наместо во споредба со цената по акција на слични компании. За да можеме да ги споредиме овие две компании и да одредиме која може да има поголема вредност, потребно ни е заедничко мерење, како што е односот цена-заработка. Тој однос едноставно ја споредува цената на акциите со заработката на компанијата или профитот. 

    Сега, да речеме дека компанијата А се наоѓа во Скопје, каде што има голема потреба од алати. Затоа, компанијата А продава многу производи и заработува голем профит од 100.000 денари месечно. Компанијата Б, од друга страна, се наоѓа во Битола, но можеби во одредена година, побарувачката за алати ќе биде помала. Затоа, компанијата Б само заработува профит од 40,000 денари месечно. Ние ја знаеме цената за секоја акција и заработката на двете компании, но не знаеме каков е односот на цената на акцијата со нивната заработка. 

    Колку е помал тој однос, толку помалку инвеститорот плаќа по денар од заработката на компанијата. Иако односот Цена / Заработка е најчестото мерење на проценка, тој не е единствениот индикатор што треба да се користи при проценката на самата компанија. На пример, некои акции може да имаат ниски стапки на Цена / Заработка бидејќи имаат ограничен потенцијал за раст. 

    Овој однос е најчесто користен показател за фундаментална анализа затоа што може да им помогне на инвеститорите да ги идентификуваат резервите на вредност и раст. Само запомнете да ги споредите цената и заработката и да ги имате предвид потенцијалните приходи и другите фактори кога оценувате акции односно компании. 

    Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично