ПОВЕЌЕ

    Јовановски: Лебот треба да има пазарна цена, а државата да ги помага само социјално загрозените семејствата

    Време зa читање: 2 минути

    Замрзнувањето на цените не е пазарно решение, а товарот на кризата не смее да го носи само една индустрија, туку да се распредели врз грбот на сите по малку. Државата може да интервенира во време на криза, но треба да дава финансиска помош само на семејствата на кои им е потребна. Замрзнатата цена на лебот ја користат и тие што немаат пари и оние кои можат да платат пет пати поскап леб. Зошто и ним да им е достапен лебот со субвенционирана цена, праша Зоран Јовановски, потпретседател и советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Македонија за макроекономски прашања и јавни финансии.

    Според него, има решение – цената треба да е пазарна, произлезена од понудата и од побарувачката. „Финансиска помош да даде државата на ниво на семејство, не на поединец. Тоа семејство ќе купува леб по замрзната цена, а сите други ќе си плаќаат пазарна цена. Кога цената е пазарна, и тој што го произведува брашното, и пекарот и трговецот, сите во ланецот, нормално ќе се однесуваат. Дали е обврска на пекарот, млекарот или некој друг од прехранбената индустрија да се грижи за социјалниот статус на граѓаните? Ако сум јас пекар, дали е мое јас да се грижам за социјалниот статус? Дали јас функционирам во пазарна економија? Тоа е клучното прашање. Ако да, зошто тоа да биде само на тие што се во прехранбената индустрија? Зошто таа обврска да не важи и за некоја друга индустрија?

    Јовановски смета, доколку би биле координирана пазарна економија, тогаш би седнале, би се договориле и би се организирале во општеството, па товарот ќе падне малку на сите“.

    Зоран Јовановски е првиот со кој во Стопанската комора започна циклусот на месечни обраќања на експерти и на бизнисмени на актуелни теми. Тој говореше на темата „Каква пазарна економија сакаме“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично