ПОВЕЌЕ

    АЛТА банка со нов потрошувачки кредит- Одобрување за 24 часа до 1.000.000 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Одобрување за 24 часа на средства до 1.000.000 денари – АЛТА банка воведува нов потрошувачки кредит за вработени во јавниот и приватниот сектор, со фиксна каматна стапка, поедноставена постапка и јасни услови.

    Кредитот е наменет за клиенти на кои им е потребен брз пристап до средства, но истовремено сакаат предвидлива месечна обврска и транспарентни услови за отплата.

    Фиксната каматна стапка изнесува 5,60% за рок на отплата до 95 месеци и 5,70% за рок на отплата до 120 месеци, што овозможува поголема сигурност при планирањето на личниот или семејниот буџет.

    Постапката не бара нотар и нема трошоци за солемнизација. Дополнително, за рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка овозможува 0% провизија, а кредитот е достапен без задолжителни пакети.

    За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари.

    Со оваа понуда, АЛТА банка воведува поедноставен и поефикасен пристап до потрошувачко кредитирање, во кој клиентите добиваат брзина, јасни услови и поголема предвидливост при отплатата. Новиот кредит е дел од континуираната насока на Банката да развива практични финансиски решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите и им овозможуваат полесно планирање на личните финансии.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично