ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за исплата на паричните права од социјална, цивилна и детска заштита

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка ги известува своите корисници, дека од 5.1.2021 година (вторник) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална, цивилна и детска заштита (сите парични права) за месец декември 2020 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

    Корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 5.1.2021 г. (вторник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од корона вирусот, исплатата ќе се врши во две групи во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

    • 5-ти јануари (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
    • 8-ми јануари (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Со цел заштита на здравјетo, апелираме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќањa во трговската мрежа или преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

    Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично