Избран старо-нов Надзорен одбор на Скопски пазар: Фатмир Етеми заеменет со Сафет Етеми

Време зa читање: 2 минути

Акционерите на Скопски пазар го разрешија стариот и го избраа новиот состав на Надзорниот одбор. Реизбрани се досегашните членови Ацо Дудулоски и Димитар Џеков. Отповикан е Фатмир Етеми, кој беше и претседател на ова тело. Како нов член е именуван Сафет Етеми, кој на конститутивната седница на Надзорниот одбор е избран за претседател.

Со тоа, од 29 април стартува шестгодишнот мандат на Надзорниот одбор со старо-нови членови. Во тој период ќе биде предводен од дипломираниот економист, чија потесна специјалност се финансиите. Во биографијата на Сафет Етеми е наведено дека работното искуство го стекнувал во ЗСФ-КОМ, прво како службеник за општи работи, а потоа и како сметководител. Досега не бил член во органите на управување во други друштва, а акции поседува само од Комерцијална банка.

Економистот Ацо Дудулоски е познат како сопственик на Современ дом, фирмата ко-сопственик на Скопски пазар. Од неодамна е член и на Управниот одбор на Македонијатурист.

И независниот член Димитар Џеков е економист, со кариера градена во повеќе фирми, меѓу кои Современ дом и Скопски пазар.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично