Регионалната соработка „Отворен Балкан“ ги дава резултатите за кои беше и создадена, вели поранешниот национален координатор за регионална соработка и европски интеграции во владата на СДСМ и ДУИ Нола Исмајлоска Старова. Таа вели дека оваа иницијатива, со своите конкретни чекори за подобрување на слободниот проток на луѓе, стоки и услуги во вистински момент ја надополни празнината што се појави поради стагнација на иницијативата на ЕУ за регионална соработка наречена „Берлински процес“. Таа во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов“, истакна и дека „Отворен Балкан“ и „Берлински процес“ не се спротивставени, туку се комплементарни.
„Знам дека во јавноста постои тоа како да се непријатели тоа Отворен Балкан и Берлински процес. Целосно нема да се сложам. Баш процесите се многу комплементарни и во еден период кога Берлинскиот процес беше како во некое мирување, тогаш се појави идејата за Отворен Балкан, па можеби постигнувањето на некои од договорите покажа дека имаме способност за соработка. Тоа затишје потоа го врати процесот уште посилен. Имам дури и еден пример, ние се усогласивме за признавање на дипломите меѓу трите држави. Забрзан е доста процесот за нострификација и признавање. Некогаш се оди и со чисто признавање на квалификациите.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.