
Чебрен и Галиште повторно се враќаат како еден од најголемите енергетски и инфраструктурни проекти во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека државата е блиску до одлука проектот да се финансира преку ЕСМ, а не директно од буџетот. Според него, се работи на меѓународен синдициран заем од реномирани финансиски институции, што би овозможило проектот да не влезе во буџетскиот дефицит. Мицкоски го претставува Чебрен и Галиште не само како проект за струја, туку пред сè како проект за вода, наводнување, акумулации и енергетски баланс. Ако сè оди според планот, првите контури на проектот би можеле да се видат во периодот од 2035 до 2037 година.
„Одлуката на еден или друг проект зависи токму од тоа како ќе се финансира. Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се обидуваат да формираат меѓународен синдикат, односно синдициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции. До сега информациите со кои располагам се дека тие обиди се успешни. Сè уште немаме потврда, сè уште немаме, би рекол, кик-оф, односно почеток на реализацијата на овој проект. Но многу сме блиску до носење одлука државата преку ЕСМ да го финансира и да го реализира овој проект.“
„Ако биде сè како што треба, ние планираме на принципот на Yellow FIDIC да почнеме постапката. Очекувам првите контури посериозни да се појават во интервалот 2035-2037.“
Аналитика








